Кјелце и Барселона во борба за финале на Супер Глоуб

Фото: Łomża Industria Kielce/Twitter

Eкипата на Кјелце денес славеше против Таубате со убедливи 39:30 и така го освои првото место во групата Ц со што закажа полуфинале на Супер Глоуб турнирот против Барселона.

Барселона претходно беше подобра од Министрос и Есперанца Тунис и со две победи го освои првото место во групата Д. Полуфинале обезбеди и Ал-Ахли од групата Б кој ќе се соочи со Магдебург кој беше подобар од Ал Калеј (35:29).

Полуфиналните средби на програмата се в сабота, терминот за дербито помеѓу Кјелце и Барселона е 19:30 часот.

Ќе потсетиме бранител на трофејот на Супер Глоуб турнирот е тимот на Магдебург кој во минатогодишното финале славеше против Барселоан со 33:28.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот