Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

„Ќе те снајде полошо од Мадуро“: Трамп ѝ се закани на новата лидерка на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонско интервју за списанието „Атлантик“ упати отворена закана до потпретседателката и нова венецуелска лидерка, Делси Родригез, велејќи дека „ако таа не го стори она што е исправно, ќе плати многу висока цена, веројатно поголема од Мадуро“, осврнувајќи се на Николас Мадуро, кој сега се наоѓа во затворска ќелија во Њујорк.

Трамп јасно стави до знаење дека нема да го толерира дрското отфрлање од Родригез на вооружената интервенција на САД што резултираше со апсење на Мадуро.

Дискутирајќи за иднината на Венецуела, тој сигнализирал јасно отстапување од неговото претходно незадоволство од промена на режимот и градење на нацијата.

„Знаете, обновата таму и промената на режимот, како и да сакате да го наречете, е подобро од она што го имате во моментов. Не може да биде полошо“, рече тој.

Строгиот тон што го имаше кон Родригез во текот на интервјуот е во спротивност со пофалбите што ѝ ги упати вчера, неколку часа откако американските воени сили го нападнаа Каракас и ги заробија Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, за кривично гонење.

Трамп на прес-конференција по нападот рече дека Родригез приватно покажала подготвеност да соработува со САД, за кои Трамп прогласи дека привремено ќе ја „управуваат“ нејзината земја.

ВИДЕО Објавена е снимка од Мадуро со лисици на рацете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот