Ќе се снимаат сцени со пукање доцна вечерва позади Универзална, граѓаните да не се плашат

Фото: Flickr/илустрација

Во објект на улицата „Владимир Полежиноски” во скопската населба Буњаковец вечерва ќе се снимаат сцени за серијата „Бистра вода”, во кои ќе биде употребено огнено оружје, предупредуваат од МВР, укажувајќи им на граѓаните да не се вознемируваат.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, по информација добиена од страна на продуцентот на играната серија „Бистра вода”, снимањето ќе се одвива во периодот од 22.00 до 02.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот