Ќе се појави уште еден сој на ковид, но наскоро ќе дојде крај на пандемијата – доктор од Берлин навестува дека јануари ќе биде со најмногу заразени

тука вакцина турковак
Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Две прашања кои луѓето најмногу ги интересираат се – кога ќе заврши пандемијата и дали ќе има 5. доза од вакцината? Експерт од Берлин даде одговор на овие прашања!

Судирот меѓу грипот и короната, наречен „флурона“, штотуку е регистриран во светот, а пристигна и во Хрватска, веќе предизвикува загриженост. Експертите предупредуваат дека компликациите може да бидат уште поголеми, а прашање е дали оние кои се имунизирани ќе поминат со полесни клинички слики.

фото: EPA-EFE

Д-р Андреј Трампуж, директор за тестирање од Лабораторијата за инфективни болести во Берлин, за балканските медиуми изјави:

„Нема причина да се плашиме дека ситуацијата ќе биде полоша поради флуронот. Веќе е критично со омикрон, кој е многу опасен и ќе биде уште поопасен во јануари, а можеби и во февруари, бидејќи немаме доволно вакцинирани. чиј имунитет е слаб,i кои можат да добијат и друга инфекција, што не е невообичаено. Затоа советот е да се вакцинирате, не само против короната , туку и против грип“ изјави Трампуж

На енигмата како е можно вирусот да мутира со оваа брзина ако се земе во предвид дека претходно, интервалот помеѓу појавата на нови соеви бил околу половина година , гермаснкиот вирусолог смета дека пандемијата е влезена во финалегто и дека наскоро ќе исчезне

„Мислам дека наскоро ќе биде крајот на пандемијата и крајот на сето тоа. Можно е да се појави друг вид кој ќе акумулира нови мутации. Бидејќи имаме толку многу нови инфекции, вирусот има способност да продолжи да мутира. Единственото нешто што можеме да направиме е да ја забрзаме вакцинацијата.“ и второто додека не ги достигнеме овие 80 проценти од вакцинираните е да носиме маска во затворен простор, а доколку ситуацијата е критична, како што очекуваме, можно е целосно „заклучување“ во јануари. “

Вакцина / Фото: ЕПА

Четврта, па петта доза

Многу се зборува за четвртата доза, бидејќи експертите сметаат дека ефикасноста на вакцините се намалува со појавата на нови соеви.Овој германски вирусолог смета дека треба да се вакцинираат оние кои не се, а една доза е подобра од ниедна, го намалува ризикот од тешка инфекција за 63 проценти.
„Но, уште подобро е ако имаме три дози. Израел почна Веројатно ќе имаме петта доза на крајот на годината, бидејќи кога ќе вакцинираме доволно луѓе, тие сепак ќе се заразат, но тогаш короната ќе биде како обична настинка, ќе биде природен засилувач и омикрон или секоја мутација ќе биде како настинка. “ смета тој

Ковид Австрија
Ковид лекари во Австрија/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Можеме ли навистина да се надеваме дека корона пандемијата ќе исчезне?

 

„Секоја пандемија има свој крај. Но, тоа не значи дека ќе биде крај на корона вирусот, туку само дека повеќе нема да биде опасен, тоа е важна разлика што луѓето треба да ја разберат. Ревакцинацијата може да спаси многу смртни случаи.Во светот има многу вакцинирани,не ни останува уште многу да ги постигнеме тие 80 проценти.Веројатно ќе има друга мутација и тоа ќе биде чекор назад,но со вакцинација можеме да одиме два чекора понапред.Веројатно само тие кои се ризични, а тоа се стари или хронично болни кои најверојатно секоја година, пред почетокот на зимата, ќе добиваат двојна вакцина“, вели докторката и напоменува дека во блиска иднина не очекува многу тежок период. Треба да ги вакцинираме децата, дури и оние на возраст над пет години“. изјави  директорот за тестирање од Лабораторијата за инфективни болести во Берлин Андреј Трампуж

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот