Ќе посветиме повеќе внимание на учебниците, вели историчарот Ѓоргиев

Драги Ѓоргиев / Фото: Архива ан Слободен печат

Претседателот на македонскиот тим во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, во разговор за ТВ Сител рече дека е невозможно да се среќаваат еднаш месечно со бугарските членови на Мешовитата историска комисија и оти во сегашната динамика, остануваме на само пет или шест средби годишно.

Историчарот се надева дека се ова што се случува меѓу Македонија и Бугарија во последните две недели ќе ја дефокусира јавноста од работата на Историската комисија.

-Ќе се очекуваат резултати и од работните групи, а не само од историчарите. Политиката мора да направи атмосфера за работата на Комисијата, рече Ѓоргиев.

Тој посочува дека се во фаза на именување на нов член во Мешовитата историска комисија.

-Неколку колеги се во игра за избор. Министерот Османи нема да се меша во изборот. Ние лично го предложуваме до Владата, информира Ѓоргиев и додава дека на следната средба со нивните колеги останува да посветат повеќе внимание на учебниците, а чествувањата да останат на страна.

-Во тој правец беше разговорот со колегата Димитров, додаде Ѓоргиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот