Ќе месиме дома: Лебот на „Диме“ стигна до 33 денари
Секој ден некоја од пекарите ги зголемува цените на лебот. Најголемо зголемување, како што велат трговците, има кај белиот леб на кришки „Диме“ кој поскапе дури 5 денари – неговата доскорешна цена беше 28 денари, а сега се продава по 33 денари. Минатата недела поскапе и лебот од најголемиот производител „Жито лукс“, но за скромен 1 денар, па така белиот леб на кришки сега место 29 денари, чини 30 денари.
Препорачано
На зголемување на цените предупредија од мелничко-пекарската индустрија. Претседателот на Групацијата од овој сектор, Горан Малишиќ, во изјава за „Слободен печат“ уште пред еден месец алармираше дека цената на пченицата на светските берзи е драстично зголемена, цената на струјата што ја плаќаат компаниите е дури 100 проценти повисока, а има покапување и на амбалажата – за 40 проценти.
Од Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, пак, не се согласија со најавите и веќе случените зголемувања на цените на лебот и печивата. Според нив, до крајот на годинава потребите може да се задоволат со домашната пченица која е откупена по 10,5 денари, односно по ниска цена што ја прифатиле и земјоделците, токму за да се заштити домашниот стандард.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
25мин
-
47мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


