„Ќе ги притиснеме и на земја и под земја“- Израел најави напади на подземните цели на Хамас
Израелските сили се подготвени да ги нападнат милитантите на палестинската група Хамас во нивните подземни тунели и бункери во северниот дел на Појасот Газа, откако го изолираа регионот со војници и тенкови, изјави воен портпарол.
Препорачано
„Сега ќе почнеме да ги притискаме. Кога велам „притискаме“, тоа значи и на земја и под земја“, рече портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), потполковник Ричард Хехт.
Катарската телевизија Ал Џезира и радиото Ал Акса, поврзано со Хамас, објавија дека израелските сили нападнале инсталации на соларни панели на зграда во болничкиот комплекс „Ал Шифа“ во градот Газа.
Израелската армија напредуваше подлабоко во Газа на север и зазела позиции по должина на брегот со што Појасот практично е поделен на север и југ. Жителите добија предупредување да се евакуираат на југ. Во текот на ноќта и денеска биле погодени 450 цели на Хамас. Не стивнуваат и нападите по должина на либанската граница. Централната команда на САД соопшти дека група на носачи „Ајзенхауер“ и американска подморница од класата „Охајо“ со проектили пристигнала во близината на Блискиот Исток.
Светската здравствена организација изразува загриженост поради цивилните жртви и прекинот на комуникациите во Газа. Кина која го презеде претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите Нации со осуда за случувањата на Блискиот Исток.


