Кирјос ја смени плочата, сега го фали Ѓоковиќ

epa09313563 Nick Kyrgios of Australia celebrates after the 1st round match against Ugo Humbert of France at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain 30 June 2021. EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY

Контроверзниот австралиски тенисер повторно зборуваше за Новак Ѓоковиќ.

Ник Кирјос обезбеди пласман во третото коло на Вимблдон по победата во три сета над Италијанецот Магер, а австралискиот тенисер потоа и оддаде признание на големата тројка, Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Кирјос отиде толку далеку што големата тројка ја спореди со Бог.
– Не може секој да биде како Федерер, Надал или Ѓоковиќ. Тие се уникатни спортисти во деценијата. Тие се Богови… Морате да имате луѓе кои се сосема нормални и кои привлекуваат навивачи да ги гледаат. Чувствувам дека сум еден од тие… – изјави Кирјос.
Овие зборови доаѓаат само четири дена откако Кирјос го нападна Ѓоковиќ дека го изневерил спортот поради минатогодинешните случувања на Адрија Тур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот