Кире Лазаров е вистинска легенда, тој е поголем дури и од претседателот

Ловро Јотиќ, хрватскиот ракометар беше еден од најдобрите во тимот на Еурофарм Работник во предвреме завршената сезона поради пандемијата на коронавирусот.

Одличните игри во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, му донесоа трансфер во Бенфика, но Јотиќ во интервју за специјализираниот ракометен сајт „Балкан Хендбол“ зборува за времето поминато во Македонија и Битола како член на Еурофарм Работник,за фантастичните навивачи и на Кире Лазаров.

фото: СЕХА лига

– Кире е вистинска легенда на македонскиот ракомет, тоа сите го знаат. Луѓето се шегуваат и велат дека Лазаров е поголем и од претседателот на Македонија. Кога ќе каже нешто, тоа е вистина и тоа се слуша. Би го споредил со Лука Модриќ од Хрватска, не можам точно да кажам бидејќи ние имаме многу врвни спортисти и тешко е да се спореди – вели Јотиќ.

Хрватскиот ракометар зборува и за импресиите од Битола но и за навивачите.

– Битола е втор најпознат град покрај Скопје, место каде се живее за ракомет, на нашите средби секогаш се бараше билет повеќе. Има една улица, Широк Сокак, многу наликува на онаа „Боговиќева“ во Загреб. Сите тераси сите се свртени кон улицата и мора да се види секој што поминува. Македонците пијат многу кафе, дури и повеќе од нас Хрватите. Тука само седиш, пиеш кафе три часа. Македонците се фанатици за ракомет, а Битола е ракометен град, живее за овој спорт. Ракометот е според број 1 тука, но и во цела Македонија. Никогаш не сум играл пред организирана навивачка група како „Чкембари“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот