Газда од Драчево полово вознемирувал кираџика, татко претепал 20-годишен син
Жена на возраст од 46 години била полово вознемирувана од газдата од кого изнајмила соба во Драчево, а откако видела дека ѝ фалат пари во новчаникот, побегнала.
Препорачано
„На 02.04.2026 во 21 часот во СВР Скопје К.Ј. (46) со моментално престојувалиште во Германија, а која на 11.03.2026 била во Македонија заради административни причини, пријавила дека во периодот од 17 до 31 март била полово вознемирувана од страна на Б.„Н“, наводно таксист, кај кого престојувала во изнајмена соба во куќа во населба Драчево“, информира МВР.
Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, Б.„Н“ во повеќе наврати ја допирал по телото, а на 31 март забележала дека од нејзиниот паричник биле одземени 3.500 евра, по што избегала од куќата.
Во Охрид се случило семејно насилство поради што против Г.Ц.(45) е поднесена пријава за сомнение за сторени кривични дела „насилство врз дете“ и „неизвршување на судска одлука“.
„На 24.03.2026 во семејната куќа, пријавениот физички го нападнал неговиот 20-годишен син, иако имал Решение од Основен суд Охрид со кое му било забрането да врши физичко и психичко насилство врз неговата сопруга и нивните деца“, информира СВР Охрид.
Скопјанец ги заклучил во тоалет сопругата и четирите деца, после и ги избркал од дома


