Кира Најтли се откажа од главната улога во серијата „Змијата од Есекс“

Profimedia

Британската актерка го напушти снимањето на серијата кое беше најавено во август поради, како што кажа нејзиниот портпарол, семејни причини. Сега продукцијата на серијата што требаше да започне за шест недели е во неизвесност.

Во Британија започна вториот бран на коронавирусот, а портпаролот на актерката објасни дека „таа не можела да се чувствува безбедно додека четири месеци работи далеку, а за тоа време во нејзиниот дом други лица се грижат за децата“.

Серијата е базирана на истоимената новела од 2016 година, од авторката Сара Пери, а ја раскажува приказната за вдовица, која откако ќе се премажи, ќе избега од насилниот брак и ќе се пресели во едно мало село во близина на Есекс. Тука таа ќе ја дознае приказната за митското суштество Змијата од Есекс, кое наводно живее во околината.

Кира Најтли требаше да биде извршен продуцент на серијата што ќе се снима за продукциската куќа „Епл ТВ“.

Глумицата во бракот со музичарот Џејмс Ридингтон има две ќерки, Еди (5) и Дилајла (1).

Instagram

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот