Кинеските власти приведоа 80 лица: Полнеле шишенца со физиолошки раствор за да ги продаваат како вакцина против ковид-19

Фото: EPA-EFE/CHAMILA KARUNARATHNE

Кинеските власти приведоа 80 лица под сомнение дека произведувале фалсификат вакцина против ковид-19. Приведените, наводно, од септември лани полнеле дози со физиолошки раствор со цел да ги продаваат како вакцини, објави државната новинска агенција.

Запленети се вкупно 3.000 дози од т.н. вакцина, а претресени неколку локации во целата земја.

Инаку, Кина разви неколку вакцини против коронавирус, а властите си поставија цел да вакцинираат 50 милиони лица до средината февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот