Кинеските научници шпекулираат со нов можен извор на коронавирусот

Геномот на новиот вид на коронавирусот издвоен од панголините 99 отсто се совпаѓа со оние кај заразените лица, објави кинеската новинска агенција „Синхуа“.

Кинеските научници утврдија дека панголинот, цицачот со кој легално се тргува поради неговите лушпи и месо, е можен извор на коронавирусот кој усмрти над 600 луѓе, пренесуваат агенциите.

– Последното откритие ќе биде од големо значење за превенцијата и контролата на потеклото на вирусот – објави на официјалните страници на земјоделскиот факултет на Универзитетот во Јужна Кина кој го предводеше истражувањето.

Со панголините најмногу се тргува во Азија, иако е цицачот е заштитен со меѓународното право. Нивното месо се смета за деликатес во земјите како Кина, а неговите лушпи се користат во традиционалната медицина, наведува Светскиот фонд за заштита на природата.

Фото: Панголин/Профимедиа

Коронавирусот усмрти 636 лица, а заразени се повеќе од 30 илјади. Се верува дека епицентарот на заразата е пазар во градот Вухан во центарот на кинеската провинција Хубеи, каде се продаваат и животни.

Геномот на новиот вид на коронавирусот издвоен од панголините 99 отсто се совпаѓа со оние кај заразените лица, објави кинеската новинска агенција „Синхуа“. Со истражувањето е утврдено дека панголините најверојатно се домаќин на вирусот.

Но, професорот на ветеринарска медицина на универзитетот во Хонгконг, Дирк Фајфер предупреди дека студијата не може уште конечно да потврди дали вирусот го пренеле панголините.

– Конечните заклучоци можете да ги извлечете само ако го споредите коронавирусот меѓу различните врсти на темел на репрезентативни примероци, што овие примероци речиси сигурно не се – рече Фајфер.

Претходно, истражувањето според кое лилјаците се можен извор на коронавирусот кое беше објавено во списанието „Nature“, а истражувачите анализираа примероци на седум пациенти со тешко запаление на белите дробови. За шест од тие седум пациенти е утврдено дека се работници на пазарот во Вухан, каде во декември се пријавени првите случаи на коронавирусот. Воспоставено е дека низите на геноми кои ја одредуваат ДНК-та на вирусот кај пет пациенти биле речиси идентични (преку 99,9 отсто).

Тие низи на геноми исто така делеле 79,5 отсто сличност со вирусот САРС.

Според студијата обавена во „Nature“, секвенцата на вирусот е на ниво на целиот геном 96 отсто идентичен со коронавирусот кај лилјаците, што јасно сугерира дека лилјаците се веројатен извор на заразата.

Сепак, научниците нагласуват дека животнискиот извор на вирусот кој се прошири ширум Кина се уште не е потврден.

Научниците исто така дознаа и дека новиот вирус, наречен „2019-nCoV“, во телото влегува по ист пак како САРС-от.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот