Кинески летачки автомобили го освојуваат небото: Еве колку чини едно возило

Кинеската компанија Aridge го претстави во Дубаи својот летачки автомобил, модуларниот LAC (Land Aircraft Cruises), кој може да полетува и слетува вертикално како хеликоптер. Оваа демонстрација го привлече вниманието на локалните власти, инвеститорите и потенцијалните купувачи од Обединетите Арапски Емирати и Катар. Електричниот LAC може да се контролира со џојстик, но има и автоматски режим на лет, што значи дека може да го користат луѓе кои немаат пилотска дозвола, објавува Bloomberg- пренесува Б92.рс.

Во Кина, цената ќе биде малку пониска од 233.000 евра, а компанијата планира првите продажби на редовни клиенти да бидат во 2027 година. Досега се евидентирани 600 преддоговори за возилото. Властите во Дубаи нагласуваат дека летачките автомобили се иднината на мобилноста и очекуваат дека, како што повеќе компании влегуваат на пазарот, возилата ќе станат подостапни за пошироката јавност.

Се очекува „Ериџ“, кој е дел од „XPENG Motors“, да продолжи со меѓународно тестирање и добивање на потребните дозволи за продажба и користење на своите летачки автомобили во Емиратите и други земји. Индустријата за летачки автомобили во Дубаи и низ целиот свет доживува брз развој, особено благодарение на напредокот во развојот на батерии и електрични погони.

Сепак, пазарот сè уште не е тестиран, а производителите се соочуваат со предизвици во финансирањето и регулативите, што го ограничува ширењето на технологијата на пошироката популација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот