Кина пред победа на Ковид-19, САД како можно ново жариште, во Русија како да не постои пандемија на коронавирус

САД засега се наоѓаат на трето место по бројот на зарзаени во светот. Првите две места по бројот на заразени и натаму доаѓаат од  Европа  СЗО информира дека дури 85 отсто од новите случаи во последните 24 часа се пријавени во Европа и во САД

Кина ги укина драстичните ограничувања воведени пред неколку  месеци во покраината Хубеи, жариштето на пандемијата со новиот коронавирус. Во последните 24 часа во Кина не е откриен ниту еден случај на локална зараза, а регистрирани се 474 пациенти кои вратиле од странство во Кина.

Пациентите и медицинскиот персонал излегуваат од последната импровизирана болница за лекување на пациенти со коронавирус во првото жариште /11 март 2020, Вухан, Кина / ФОТО: EPA-EFE/YFC CHINA OUT

Што се однесува до новите жртви, во последните 24 часа починале четири лица, од кои три во покраината Хубеи, каде се наоѓа Вухан, градот од каде започна ширењето на Ковид-19.

Во меѓувреме, претседателот на САД, Доналд Трамп беше мета на медиумите бидејќи на прес конференција за коронавирусот рече дека ова е „кинески вирус“, а американскиот државен секретар Мајк Помпео остро го критикуваше однесувањето на Кина за ширењето на заразата со коронавирусот. Тој обвинува дека нивната владејачка комунистичка партија се’ уште крие информации потребни за да спречат понатамошни случаи. 

Фигури на Доналд Трамп и Си Џипинг со маски на лицата во Москва, Русија / 24 март 2020 / ФОТО: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Помпео ги повтори претходните обвинувања дека ненавременото и нецелосното  информирање  на Кина  за вирусот ги загрозило луѓето ширум светот, индиректно обвинувајки го Пекинг дека е виновен за ширењето на пандемијата.

Помпео, во стилот на американската реторика не пропушти да ги обвини и  Иран и Русија за кампањите за дезинформации за вирусот. Особена  критика е упатена кон Москва и Техеран кои јавно пропагираат дека зад ширењето на вирусот можеби стои американската армија стационирана во Италија и нејзин обид за биолошка војна.

Во меѓувреме Пентагон за првпат од започнувањето на кризата се огласи со проценка дека пандемијата на коронавирусот ќе трае со месеци. Реакцијата на Пентагон доаѓа по растечкиот биланс на заразени и починати во САД. Бројката на инфицирани Американци е  околу 54.000 , од кои речиси половината, 26 илјади  се во Њујорк, додека вкупно починати се 706 лица.

Автопатот 110 никогаш не бил вака празен / 20 март 2020, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / ФОТО: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Црните прогнози велат дека САД би можеле да бидат новиот светки епицентар на коронавирусот, а дека Њујорк би можел да биде новиот Вухан.

САД засега се наоѓаат на трето место по бројот на зарзаени во светот. Првите две места по бројот на заразени и натаму доаѓаат од  Европа.  СЗО информира дека дури 85 отсто од новите случаи во последните 24 часа, пријавени се  во Европа и во САД. Италија се уште важи за земја која е епицентарот во Европа со најголем број на новоинфицирани и со најголем број жртви. До вчера бројот на починати повторно се зголеми на повеќе од 700. Таму до сега има 6.820 починати, а вкупниот број заразени е близу 70.000 луѓе. Стапката на смртност е речиси 10 проценти. Критично е и во Шпанија, каде вкупниот број на починати е 2.991, а веќе има 42.000 заразени лица.

Путин во жолта заштитна облека во посета на пациентите заразени со Ковид-19 во Москва / 24 март 2020, Москва, Русија / ФОТО: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Што се однесува до Русија, таму барем, засега, официјално бројката на заразени и починати е незначителна. Незначителна е ако се земе во предвид бројното население и распространетоста на територијата. Официјално Русија пријавува 658 заразаени и само еден смртен случај. Ова го  изиритира градоначалникот на Москва кој јавно го предупреди рускиот претседател Путин дека бројката на заразени од коронавирусот е многу поголем одошто се пријавува.

Самиот Путин пак денеска против коронавирусот организира воени вежби на руската армија. Вежбите се да се провери борбената готовност за борба против коронавирусот и ќе се одржат од 25 до 28 март. Во Москва повеќето од продавниците се затворени и забрането е одржување на јавни настани.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот