Кина планира да вакцинира 40 отсто од населението до крајот на јуни

кина ковид-19
Спавување со ковид-19 во Кина / Фото: EPA-EFE/GENO ZHOU CHINA OUT

За да се постигне таа цел, Кина мора да вакцинира 10 милиони луѓе секој ден, што е двојно повеќе од сегашниот капацитет.

Кина планира да вакцинира 40 отсто од населението до крајот на јуни. Според „Оксфорд Економикс”, амбициите на земјата ќе придонесат за 9,3 отсто економски раст оваа година.

За да се постигне таа цел, Кина мора да вакцинира 10 милиони луѓе секој ден, што е двојно повеќе од сегашниот капацитет. Доколку кинеската влада успее да го одржи овој сооднос до третиот квартал, ќе се постигне колективен имунитет, т.е. ќе бидат вакцинирани помеѓу 60 и 70 отсто од населението во земјата.

Според студијата на „Блумберг њуз”, економистите предвидуваат дека растот на БДП на Кина оваа година ќе достигне 8,5 отсто.

Во меѓувреме, експерти од Светската здравствена организација рекоа дека вакцините против новиот коронавирус на кинеските лаборатории „Синофарм” и „Синовак” покажаа дека се безбедни и ефикасни, но потребни се дополнителни податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот