Фото: EPA-EFE/RINGO CHIU

Ким Кардашијан за односот со Канје Вест: „Секогаш ќе бидеме семејство, децата ни се на прво место“

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан по подолго време јавно проговори за односот со поранешниот сопруг Канје Вест, истакнувајќи дека и покрај разводот и сите предизвици, тие засекогаш ќе останат семејство, пред сè поради децата. Во интервју за списанието “Complex“, објавено вчера, 45-годишната Кардашијан се осврна на моменталниот однос со Вест, со кого има четири деца, Норт (12), Сејнт (10), Чикаго (8) и Псалм (6).

„Секогаш ќе бидеме семејство“, изјави Ким, одговарајќи на прашањето зошто во јануари на ТикТок промовираше „Yeezy“ чизми, бренд поврзан со нејзиниот поранешен сопруг.

„И двајцата го знаеме тоа. Ќе бидеме во ред и меѓу нас има многу љубов кога станува збор за нашето семејство. Сакаме само најдоброто за нашите деца“, додаде таа.

Ким Кардашијан со децата / Фото: Принтскрин / инстаграм

Зборувајќи за „Yeezy“ чизмите што ги носеше за време на патување во Аспен, Ким објасни дека станува збор за чисто естетски избор.

„Не можев да одолеам на „Yeezy“ потпетицата, па морав да ја спомнам. Не знам дали некогаш биле пуштени во продажба или се направени само за мене, но обожавам кога чевлите се во иста нијанса како и панталоните“, рече таа.

Кардашијан и Вест се запознаа во 2012 година, се венчаа во 2014, а таа поднесе барање за развод во 2021. Разводот официјално беше финализиран во 2022 година.

Нејзините изјави доаѓаат по период во кој јавно зборуваше за тежок стрес поради однесувањето на Вест. Во епизода од шоуто „The Kardashians“, емитувана во октомври минатата година, таа призна дека поминувала низ исклучително тежок период.

„Бев сериозно тестирана. Толку многу што ми се врати псоријазата. Морав силно да го штитам тоа што го имам, бидејќи сега и моите деца се дел од целата приказна“, изјави Ким.

Канје Вест / Ким Кардашијан со четирите деца / Фото: EPA/Инстаграм/Ким Кардашијан

Таа додаде дека најважно ѝ е децата да бидат заштитени од сè што може да ги повреди.

„Тие ќе пораснат и ќе дознаат многу работи. Мојата улога како мајка е да ги заштитам кога се случуваат тешки ситуации“, нагласи таа.

Во јануари годинава, Канје Вест јавно се извини за своите претходни испади и антисемитски изјави преку отворено писмо со наслов „To Those I’ve Hurt“, објавено во „The Wall Street Journal“, финансирано од неговиот бренд „Yeezy“. Во писмото наведе дека неговото однесување било поврзано со биполарното растројство.

Ким претходно откри дека поради долготраен стрес имала сериозни здравствени проблеми, меѓу кои и дијагноза на мозочна аневризма, за која лекарите сметале дека можела да биде предизвикана од стресот. Во една од епизодите призна дека разводот ѝ донел олеснување.

„Среќна сум што заврши. Мојот поранешен сопруг секогаш ќе биде дел од мојот живот, бидејќи имаме четири деца“, рече таа тогаш.

Фото: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Во ноемвриска епизода од „The Kardashians“, Ким откри и дека, и покрај неговите тврдења, Вест немал контакт со децата.

„Секогаш го поттикнувам односот, но здрав однос. Многу ми е тешко кога мојот карактер како мајка се доведува во прашање поради неговото однесување. Понекогаш се чувствувам како да ќе пукнам, но не можам, поради децата“, искрено призна таа.

 

На крајот порача дека нејзиниот единствен фокус е да остане силна мајка:

„Мојата единствена задача е да бидам силна за моите деца“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот