ВИДЕО | Ким Кардашијан во најшокантното издание досега: Ријалити ѕвездата повторно изненади со својот моден избор
Ким Кардашијан, некогаш најпознатата старлета, а денес успешна бизнисменка и сопственичка на брендот „СКИМС“, се појави на годинешната гала-вечер во Музејот на академијата во Лос Анџелес со „маска“ во крем боја која ѝ го покриваше препознатливото лице. Таа позираше пред фотографите во фустан од Мезон Марџиела, исто така во боја на кожа, со тесен корсет, а сите се прашуваа зошто избрала токму вакво екстравагантно издание.
Препорачано
Фустанот имаше ракави кои беа прицврстени за работ на здолништето, а Ким ја надополни впечатливата облека со скап гердан со масивни скапоцени камења. Внимание привлекоа и нејзините предолги нокти.
Сепак, ова не е првпат Кардашијан да се појави на ваков гламурозен настан со покриено лице.
Уште во 2021 година, мајката на четири деца сензационално се искачи по скалите на Мет Гала во целосно црна креација на „Баленсијага“, а слични провокативни изданија имаше и нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест.
На гала вечерта во саботата, ѝ се придружи и нејзината полусестра Кендал Џенер (29), која блесна во класичен црн, тесен фустан. Откако позираше сама пред фотографите, Кендал се сретна со својата најдобра пријателка Хејли Бибер, која исто така беше облечена во секси фустан со корсет.
View this post on Instagram
Се чинеше дека Кендал намерно избегнуваше да позира заедно со својата постара сестра Ким на црвениот тепих.
Меѓу другите присутни беа и Сидни Свини, Пенелопе Круз, Зои Кравиц, Џена Ортега, Џорџ Клуни и Емили Ратајковски.
Како што одминуваше вечерта, Ким ја симна маската, а подоцна го извади и дијамантскиот ѓердан, која ѝ ја даде на својата асистентка.
Со бројните појавувања на црвениот тепих оваа недела, Ким исто така откри детали за својот љубовен живот и зборуваше за своето познато семејство во интервју објавено во четвртокот.
Отворено зборуваше за долготрајното влијание од нејзиниот „токсичен“ брак со Канје Вест признавајќи дека сè уште ѝ е тешко, детално опишувајќи ги предизвиците со заедничкото родителство.
Додека разговараше со водителката на поткастот Алекс Купер, Ким искрено раскажа за својата проблематична деветгодишна врска со раперот.
Објасни дека првично била привлечена од Канје поради неговата интелигенција, нарекувајќи го „поголем од животот“ и додавајќи дека „многу се забавувале“ заедно.
Сепак, работите брзо тргнале наопаку кога Канје, кој јавно се бореше со менталниte проблеми, почнал да се однесува лошо со Ким и нејзиното семејство.
„Кога некој доживува ментален слом за првпат, сакате да бидете поддршка, да му помогнете да го разбере тоа и да бидете до него“, објасни Ким, па додаде:
„Но кога некој не е подготвен да направи промени кои сметам дека би биле многу здрави и корисни, тогаш станува навистина тешко да се продолжи врска која може да биде токсична.“
На Канје во 2016 година му беше дијагностицирано биполарно растројство, откако беше хоспитализиран поради лошата психолошка состојба.
Подоцна тврдеше дека му била поставена погрешна дијагноза. Но, кога состојбата не се подобруваше со текот на времето, Ким сфатила дека е време да замине и на своите деца да им покаже „добар пример за поставување граници“.
Објасни дека нејзиното ментално здравје почнало да страда за време на бракот, истакнувајќи:
„Мораше да се спасам себеси за да бидам подобра мајка на сите. И мислам дека сите ќе можат да го разберат тоа и ќе го видат кога ќе пораснат.“
На прашањето што за неа била „капката што ја прелеала чашата“, таа призна:
„Имаше премногу работи со кои не сакав повеќе да се справувам. Не ми се допаѓаше тоа што зборував лошо за бабата и тетките на моите деца, ако некој се чувствува така, тогаш не треба да бидеме заедно. Знаете, изнесување на премногу работи, премногу лични работи“, заклучи Ким.


