Ким Џонг-ун призна дека ситуацијата со храната во Северна Кореја е тензична

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун/ Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека состојбата со храната во оваа изолирана комунистичка земја станува се потензична заради пандемијата на коронавирусот и последиците од минатогодишниот тајфун, соопшти денеска државната агенција КЦНА, пренесе ДПА.

На вчера отворената пленарна седница на Централниот комитет на Работничката партија, Ким ги повика официјалните лица да ја решат „состојбата со храната за луѓето”, која „сега е тензична”, наведува КЦНА.

На средба на највиоскиот партиски орган Ким кажа дека ова прашање е делумно предизвикано од неуспехот на земјоделскиот сектор да го исполни планот за производство на жито поради штетите предизвикани од минатогодишниот тајфун што ја погоди земјата.

Тој, исто така, на Севернокорејците им порача да се подготват за проширени ограничувања поради Ковид-19

Според него, економијата во земјата во првите шест месеци од 2021 година покажала „подобрување во целина”, со раст на вкупно индустриско производство од 25 проценти во споредба со претходната година.

Како дополнение на серијата природни катастрофи, во кои беа вклучени поплави и штети од невреме, како и пандемијата на коронавирусот, земјата, исто така, е цел и на строги меѓународни санкции поради својата програма за нуклеарно оружје, пренесува ДПА.

Експертот за човекови права на ОН, задолжен за мониторингот на Северна Кореја, Томас Охеа Кинтана, во март пред Советот за човекови права (ХРЦ) кажа дека влијанието на пандемијата во оваа земја придонесува за „смрт од глад”.

И пред пандемијата на коронавирусот, повеќе од 40 проценти од населението во оваа земја немаше обезбедено резерви на храна, наведе Кинтана во претходниот извештај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот