Кик бокс клубот Самурај со два златни и еден сребрен медал на Балканското првенство во Нови Сад
На Вако, Балканското првенство во кик бокс, кое се одржа во Нови Сад, Србија, во состав на Македонската мау таи кик бокс репрезентација учествуваа и три натпреварувачки во сениорска конкуренција, членки на Кик бокс клубот Самурај од Битола, кои освоија два златни и еден сребрен медал за националниот тим.
Препорачано
Дамјана Пеовска, во дисциплината Кик лајт сениори до 70 кг., при тешка борба загуби во финалето од натпреварувачката од Србија, Јелена Седоглавиќ, при што освои сребрен медал.
Мила Мартинез Крстиновска во финалето во категоријата до 60 кг., ги вкрсти ракавиците со Горјана Николоска, исто така од нашиот национален тим, при што со прекин ја доби борбата, и освои златен медал.

Леа Бошевска во категоријата сениорки до 50 кг., во дисциплината Кик лајт, во полуфиналето со целосна доминација во сите три рунди ја победи бугарската репрезентативка Марија Јанева, со што обезбеди пласман во финалето.
Финалната борба предизвика вистинска атракција, бидејќи за противничка ја имаше српската репрезентативка Лидија Абазовски, во која борба Леа беше апсолутно надмоќна што доведе до прекин во третата рунда. Со тоа Бошевска како член на македонската кик бокс мау таи репрезентација стана Балкански првак, а воедно беше прогласена и за најдобар борец во сениорска конкуренција за што доби посебно признание, пехар со посебна посвета.



