Кичеец: Разговорите што се објавени се автентични од состанок со Мицкоски, не знам кој снимал

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Разговорите што се објавени се автентични и се од состанок кој го имав со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски на 14 април 2019 година. На тој состанок разговаравме за изборите во Охрид и мое помагање. Не знам кој снимал додека сум бил на состаноците. Сме имале повеќе состаноци со претседателот Мицкоски, изјави Зоран Милески-Кичеец за „А1он“.

На Јутјуб се појавија 4 аудио снимки на кои се слуша како Кичеец и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборуваат за претседателските избори. Мицкоски претходно негираше дека имал средби со Кичеец , како и дека ако постојат инкриминирачки материјали, сам ќе се пријави во затворот „Шутка’.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот