Фото: Слободен печат/Методи Здравев

КФМ ги објави учесниците на „Ол-Стар“ натпреварот во забивање

Кошаркарската федерација на Македонија ги објави учесниците во натпреварите во забивање на претстојниот „Ол-Стар“ настан, кој ќе се одржи на 21 декември во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Како главна атракција се очекува натпреварот во забивање, каде покрај неколку млади и репрезентативни кошаркари, ќе настапат и докажани странски играчи, што му дава дополнителна тежина на настанот.

Во натпреварот во забивање ќе учествуваат: Атанасиј Трајанов (Водно Санс), Дамјан Данев (Вардар), Жарко Терзиевски (Вардар), Калин Трајков (ТФТ), Дамјан Илиевски (Вибас), Марко Димовски (Работнички), Бојан Божиновски (Ангели), Дамјан Стојановски (Феникс 2010), како и странските кошаркари Џејлин Билингсли (Чаир 2030), Рејмонд Сомервил (ТФТ) и Декариус Николас (Кожув).

 

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот