Кежаровски: Новинарското востание го турна на колена „боксерот“ Груевски

Фото: Протест Кежаровски

Пред осум години на 20 јануари, се одржа големиот протест на новинарите за поддршка на нивниот колега, Томислав Кежаровски, кој беше притворен и осуден од страна на режимот на Никола Груевски. За одбележување на годишнината од протестот, Кежаровски на социјалните мрежи напиша дека токму ова „новинарско востание“ беше тоа што го турна на колена „боксерот“ Груевски.

„Новинарското востание го турна на колена. Онака во гроги продолжи со борбата. На крајот се случи тоа, прецизен ‘директ’ од кој никогаш повеќе не се оправи и не си дојде на себе, следуваше големиот протест на 20 јануари 2016…Тоа беше неговиот крај“, напиша Кежаровски.

Тој пишува дека со одлуката да биде притворен, „боксерот“ Груевски си потпиша капиталиција и ја донесе најпогрешната одлука во кариерата.

„’Боксерот’ потценувајќи ме, влезе во рингот со спуштен гард. Неколку дена по носењето во притвор, до тогаш супериорниот Коле, прими удари, но реши да оди до крај. Не му идеше умот. Од неговиот агол ја донесоа веројатно најпогрешната одлука во нивната кариера, нивниот штитеник да го продолжи мечот’’, напиша Кежаровски.

Новинарот пишува дека протестот на новинарите покажа што може да се стори, кога се сака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот