Ќерката на водителката Мелита, Барбара Ракичевиќ ја сними својата прва песна! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Ќерката на поранешната ТВ водителка Мелита Ракичевиќ, Барбара, која ја почна кариерата како ТВ водителка на забавниот магазин „Бекстејџ“ го промовираше своето деби музичко видео и со тоа го означи стартот на својата музичка  кариера.

Шеснесетгодишната Барбара, која не само што убаво изгледа, туку навистина прекрасно пее. Таа претходно споделуваше свои домашни видеа од изведби на разни музички нумери, а сега конечно ја испеа својата прва песна, која е компетно авторско дело на познатата македонска пејачка Андријана Јаневска.

Андријана која воедно ѝ била и ментор по пеење на Барбара, гордо  ја објави веста на социјалните мрежи:  фалејќи ја – Слушнете како пее мојата ученичка Барбара Ракичевиќ. Кога се договаравме да ѝ напишам песна, стиховите и мелодијата сами излегуваа. Се гордеам со неа! Емотивна, музикална, паметна и најубава – напиша Андријана и во коментар под видеото ја пофали својата ученичка дека пее подобро од некои луѓе кои со години се занимаваат со музика.

Слушнете ја песната и погледнете го спотот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот