Ќерката на Кејт Мојс за прв пат зачекори на модната писта: Иста како мајка ѝ!

Profimedia

На свои 18 години, Лила Грејс дебитираше на модната писта облечена во креациите на италијанската модна куќа „Миу Миу“.

Лила Грејс/Profimedia

На иста возраст и нејзината славна мајка манекенската Кејт Мос за прв пат прошета на модната писта во далечната 1992 година.

Кејт Мос на една од нејзините први ревии, 13 октомври 1993/ Profimedia

Лила се појави на модната писта за „Миу Миу“ во вторникот, а уживателите во модата и сите гости ја следеа оваа ревија виртуелно поради пандемијата на коронавирот.

Лила ГрејсProfimedia

Таткото на Лила е познатиот британскиот издавач Џеферсон Хак, но Лила го користи презимето на нејзината мајка – Мос додека се пробива во светот на модата.

Лила Грејс/Profimedia

Таа иако е на почетокот на својата модна кариера веќе има сериозен договор со својата агенција, а притоа е и заштитно лице на брендот Марк Џејкобс Бјути од 2018 година.

Инстаграм – Лила Мос

Кејт претходно изјави дека ја поддржува својата ќерка, во нејзината желба да стане модел.

„Оставам на нејзе“, рече таа за „Пипл“.

Очигледно ќе ја поддржам. Ќе ја поддржам во сè што сака да работи – беше јасна Кејт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот