Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит сè уште не е сигурна за своето родово изразување

14-годишната Шајло Џоли-Пит ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит уште како мала се чувствувала како момче и дури побарала да ја нарекуваат Џон.

На фотографиите со нејзините родители, Шајло обично се појавува во облека за момичиња и со кратка фризура.  Потоа се појавија гласини дека девојчето се подготвува за хормонска терапија и промена на полот.

Instagram

Но, минатиот месец, обожавателите на семејството Џоли-Пит почнаа да коментираат дека Шајло изгледа поженствено, особено затоа што пуштила подолга коса, која ја носи фатена во опавче.

Неодамна, Шајло и нејзината мајка повторно беа фотографирани од папараците и таа повторно ја носеше косата фатена во високо коњско опавче, а на себе имаше дуксер и кратки шорцеви во вид на здолниште.

Шајло фотографирана пред неколку дена / Instagram

Обожавателите претпоставуваат дека таа го надминала поривот за транзиција во машкиот пол.

Извор близок до семејството вели дека Бред и Анџелина ја поддржуваат Шајло за време на периодот на сексуална определба и поривот за транзиција, но исто така и понудиле експеримент: една недела да живее изразувајќи се како момче, а следната како девојче, со цел подобро да се разбере самата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот