Кери во Кина на разговори во пресрет на самитот за климата

Американскиот пратеник за климата Џон Кери денеска започна разговори со кинеските власти во Шангај, една недела пред виртуелниот самит за климата планиран од американскиот претседател Џо Бајден.

Ова е прва посета на висок функционер на администрацијата на Бајден на Кина откако новиот претседател на САД ја презеде должноста во јануари.

„Поранешниот државен секретар на САД пристигна во кинеската економска престолнина и започна разговори со кинеските власти”, соопшти американскиот конзулат во Шангај.

Бајден ги покани претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг на првиот голем меѓународен самит за климата.

САД се надеваат дека самитот на 22. и 23 април ќе придонесе за забрзување и продлабочување на глобалните напори за намалување на загадувањето со фосилни горива, што ја уништуваат климата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот