Кејт Мос ќе сведочи во судскиот процес на Џони Деп против Амбер Херд

кејт мос
Џони Деп, Кејт Мос и Амбер Херд / Фото: EPA-EFE

Моделот Кејт Мос, поранешната девојка на Џони Деп, ќе сведочи пред судот во случајот во кој се заплеткани поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд.

Да потсетиме Деп ја тужи Амбер Херд за клевета од 50 милиони долари, а судскиот процес стана веројатно една од најголемите холивудски сапуници на сите времиња, која гледачите ширум светот речиси секојдневно жедно ја следат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 90s Allure💗 (@90sallure)

Магазинот „People“ пишува дека извор близок до актерот им потврдил дека Мос треба да сведочи утре, среда, преку видео линк. Причината за нејзиното сведочење е тоа што Амбер Херд ја споменала на судењето на почетокот на овој месец.

џони деп
Поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп / Фото: EPA-EFE

Херд ја спомна Мос кога раскажуваше за еден наводен конфликт меѓу Џони Деп и нејзината сестра Витни Хенрикез. Актерката рече дека Деп замавнал со раката кон нејзината сестра, по што таа „веднаш се сетила на Кејт Мос и скалите“, а потоа го удрила актерот. Адвокатите на Деп, се израдувале кога Херд ја спомнала Мос бидејќи тоа им дало можност да ја повикаат како сведок кој ќе ја оспори изјавата на актерката.

Херд го спомна и наводниот инцидент со поранешната девојка и скалите во контроверзниот напис во „The New York Post“ во 2020 година.

Инаку, Мос и Деп беа во врска од 1994 до 1997 година, а сe знаеше дека нивната љубовна врска беше експлозивна. Така Деп еднаш беше уапсен откако ја уништил хотелската соба за време на расправија. Актерот подоцна признал дека му било тешко да ги усогласи деловните обврски со приватниот живот, додека Мос изјавила дека со години и било тешко поради раскинувањето.

Повеќе написи на темата:

 

Јадел ќотек: Твитерџиите ископаа фотографии од Илон Маск додека беше со Амбер Херд

Адвокатката на Деп ја разбесни Амбер Херд: Џони не е единствениот што сте го претепале, зар не?

 

Кортни Лав во вистински момент: Џони Деп ми го спаси животот

 

„Романтиката“ меѓу Џони Деп и неговата адвокатка е тактика: Еве зошто

 

Амбер Херд лажела дека парите од разводот ги донирала во детска болница

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот