Јадел ќотек: Твитерџиите ископаа фотографии од Илон Маск додека беше со Амбер Херд

Илон Маск, Амбер Херд, Фото: Instagram, EPA

Амбер Херд наводно го претепала поранешното момче милијардер Илон Маск, а неговите фотографии со модринки на главата ги преплавија социјалните мрежи во последните денови.

Џони Деп ја тужи Амбер Херд за клевета од 50 милиони долари, а судската лента е веројатно една од најголемите холивудски сапуници на сите времиња, која гледачите ширум светот речиси секојдневно жедно ја следат.

Амбер Херд и Илон Маск/Фото: Профимедиа

Голем дел од јавноста застана на страната на актерот бидејќи Херд неколку пати беше фатена како лаже, а адвокатите на Деп се обидуваат да докажат дека нивниот клиент никогаш физички не ја нападнал поранешната сопруга, туку дека сето тоа било лага. Истото го тврдат и нивните соседи кои истакнале дека никогаш не ја виделе Амбер во модринки, додека го виделе Деп.

Исто така, корисниците на „Твитер“ ископаа фотографии од нејзиниот поранешен партнер, милијардерот Илон Маск, со модринки на главата. Маск се заљубил во Херд за време на нејзиниот развод со Деп, а за прв пат раскинале во 2017 година поради пренатрупаните распореди.

ФОТО | Временски приказ на романсата помеѓу Илон Маск и Амбер Херд

„Само што раскинав со девојка. Бев многу заљубен и сега сум многу повреден. Повеќе ми раскина таа, отколку јас со неа, мислам. Бев многу депресивен и морав да се трудам да не изгледам така“, откри во едно интервју Маск.

 

ФОТО | Љубовната историја на Амбер Херд: Момчиња, девојки и сопрузи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот