Кејт Мидлтон била „изненадена“ од подароците што ги добила од Меган Маркл

EPA EFE
ЕПА

Принцот Хари и Меган Маркл ја изненадиле војвотката од Кембриџ, со „внимателни“ подароци за нејзиниот роденден, пишува „Мирор“.

Кејт го прослави денот со мала забава во семејната куќа во Норфолк, со принцот Вилијам и нивните деца.

Извор близок до кралското семејство изјавил дека Мидлтон не очекувала да добие подарок од Хари и Меган, кои сега живеат во Америка.

Instagram
Instagram

Наводно односите меѓу „Кембриџ“ и „Сасекс“ се подобруваат, по неколкуте месеци вознемиреност и гнев откако Меган и Хари решија го напуштат британското кралско семејство.

Беше убаво изненадување… Кејт не очекуваше дека ќе добие подарок од парот“, рекол изворот за „US Weekly“.

Меган и Хари на војвотката ѝ испратиле роденденски честитки и „внимателни“ подароци од Америка. Изворот, исто така, тврди дека Вилијам ја почестил Кејт со пар обетки со дијаманти и сафир.

Instagram
Instagram

Палатaта Кенсингтон сподели фотографија од Кејт по повод 39-тиот роденден на војвотката за време на викендот.

„Родендените беа многу поразлични во последните месеци и нашите мисли продолжуваат да бидат со сите оние кои работат на фронтот во ова предизвикувачко време“, беше пораката упатена за здравствените работници.

Минатата година роденденот на Кејт повторно „во сенка“ откако Меган и Хари решија да ги објават своите планови дека се откажуваат од кралското семејство.

Profimedia
Profimedia

Мислам дека не е тајна дека имало големи тензии и потешкотии во нивната релација… Имаше нераскинлива врска меѓу нив и тие беа многу блиски“, изјави кралскиот експерт Кејти Никол.

Мислам дека тие никогаш нема да бидат блиски како што беа, но веќе поминаа девет месеци од „Мегзит“. Мислам дека нивните односи се подобруваат“, изјави таа, тврдејќи дека се во контакт и дека Хари им испратил многу Божиќни подароци на децата.

Дали Меган Маркл и принцот Хари ја „засенија“ Кејт Мидлтон со новото соопштение?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот