ВИДЕО: Дел од тетовци земаат гласачко ливче само за парламентарни избори, како тече гласањето во тетовско?

Фото: Слободен печат

Без никакви инциденти, со мали технички проблеми се одвива гласањето во тетовско. Денеска излезноста е поголема за разлика од првиот круг на претседателски избори, велат дел од избирачките одбори. До 15 часот за претседателски избори во Тетово гласале 25% од запишаните избирачи, додека за парламентарните излезноста е за околу 11% поголема.

Од избирачките одбори се задоволни од одзивот на гласање.

„Има граѓани кои бараат само гласачко ливче за парламентарни, но има и такви кои ги бараат двете гласачки ливчиња. Главно сме задоволни од тоа како тече изборниот процес“, информираат од избирачките одбори при ОИК Тетово.

Граѓаните очекуваат мирни фер и демократски избори, а она што беше забележително е гласањето на сѐ повеќе млади лица на гласачките места.

– Па се надеваме на мирни избори иако имаше најави за некои инциденти, но веќе граѓаните созреаја и се свесни за важноста на изборите и демократијата, вели една жителка на Тетово.

– Јас се надевам на фер избори и нека победи подобриот и подобро да ја води државата, додаде еден жител на Тетово.

Инаку нефункционалноста на апаратот за идентификација е причина гласањето на две избирачки места во општина Тетово да почне со стариот метод со кој се зема отпечаток од прст на графитно перниче, па се остава отпечаток во Избирачкиот список, а се користат спреј и УВ-ламба за проверка.

– Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. Со одлука на Државната изборна комисија (ДИК) се користи стариот метод со отпечаток од прст и УВ-ламба. Истото е направено во едно избирачко место во село Бозовце каде гласањето почна во 9.22 часот, информираше Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово.

Во општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател на државата може да гласаат вкупно 86.405 лица.

Од вкупните бројки, вчера имаа можност да гласаат 54 затвореници, како и 181 лице пријавени за болни и немоќни со право на глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот