(ФОТО) Москва зафатена од силни снежни врнежи

Обилни снежни врнежи погодија неколку области во Москва, еден ден пред парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад.

Издадено е жолто метео предупредување за силни налети на ветер.

Снимките објавенина социјалните мрежи покажуваат забелени објекти прекриени со снег.

На сликите се гледа како снег паѓа врз дрво кое веќе е расцветано.

Според прогнозите, во главниот град во текот на ноќта ќе продолжи студеното време со температури кои ќе се спуштат до минус 3 степени Целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот