Кејт Бланшет се разведува? Со месеци не е забележана со сопругот и не ја носи бурмата

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Оскаровката Кејт Бланшет е во брак со сценаристот Ендрју Аптон од 1997 година и отсекогаш важеле за еден од најхармоничните парови на холивудската сцена.

Она што ги започна гласините за развод беше кога таа се појави на доделувањето на БАФТА наградите без бурмата, а нејзиниот сопруг не беше со неа, што е многу чудно, со оглед на тоа што тие двајца секогаш се појавуваат заедно на вакви настани, пишува „Дејли мејл“.

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Интересно е тоа што Кејт беше забележана без прстен и на почетокот на овој месец, кога присуствуваше на настан во Њујорк во Музејот на модерна уметност на 6-ти февруари.

Во октомври 2023 година, Кејт повторно беше видена без нејзиниот венчален прстен додека седеше во првиот ред на ревијата на пистата на Стела Макартни за време на модната недела во Париз.

„Кејт без бурма е изненадување и за нивните заеднички пријатели. За прв пат тие се убедени дека парот не е во добри односи“, рекол изворот, цитиран од „Дејли мејл“.

Гласините за нивниот развод ги поттикна и огласот за продажба на заедничкиот дом во Мелбурн и фактот дека последен пат се видени заедно во август минатата година, па се претпоставува дека повеќе не живеат заедно. Тие заедно имаат три ќерки и еден син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот