Ќе биде исполнета последната желба на Исидора Бјелица! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Српската пејачка Зорана Павиќ со тешко срце се прости од нејзината пријателка Исидора Бјелица која почина од карцином, а по поминувањето на 40 дена од нејзината смрт,  нејзината пријателка Зорана одлучи да и ја исполни последната желба и да направи забава.

Самата Бјелица пред смртта побарала од Зорана да организира забава, а сега Павиќ ќе и ја исполни последната желба, па така организира прослава за блиските пријатели и соработници која ќе одржи викендов на еден имот надвор од Белград.

 

View this post on Instagram

 

???..prilog..Beograd ?

A post shared by Zorana Pavic official (@zourana_guevara) on

„Бела бајка за Исидора“ ќе биде последниот поздрав за авторката, а по желба на Бјелица гостите ќе бидат облечени во бело.

Потсетуваме, само еден ден по нејзината смрт, Павиќ ја објави пораката која и испратила Исидора, а во која вели дека кога ќе замине да и организираат забава со добра музика и бел дрес код.

Инаку, сопругот на Исодора, Небојша Пајкиќ неодамна истакна дека нема да се противи на таа забава, но дека нема да учествува.

– Нас не не интересира таа забава, на Зорана и објаснив дека нема ништо да забраниме, но не ни е во интерес да ја правиме – изјави Пајкиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот