Ќе бидат објавени две нови песни на Есма Реџепова на српски јазик!

Фото: Приватна архива

Браќата Филип и Раде или попознати како „Браќата Нуне“, a беа дел од тимот на кралицата на ромската песна Есма Реџепова-Теодосиевска, по речиси четири години решија да ги објават последните снимени песни со неа.

Песните се на српски јазик, бидејќи велат, плановите биле да се направат и македонски и англиски верзии, но смртта на кралицата на ромската песна ја остави работата незавршена.

Во чест на Есма токму на денот на нејзиниот роденден, односно на осми август ќе биде промовирана една песна, додека промоцијата на другата е планирана за 11 декември, денот кога престана да чука нејзиното срце.

Фото: Промо

– Првата песна што ќе биде објавена на во сабота е со наслов ,,Латино у моди” чија музика е лично на Есма и е од нејзиниот голем хит „А бре како“, текстот е на Симеон Атанасов, а ние се  погриживме за аражманот. Видео записот го направивме кратко по нејзината смрт и е снимен во македонскиот народен театар. Задолжен за видеото е Дарио Јанковиќ, а за постмонтажата и визуелните ефекти Дуле Јанев. За аудиото продукциски беше задолжен Горан Гешовски. Одлуката зошто го објавуваме токму сега овој материјал, пред се, е обележување на роденденот на Есма, денот кога нашата легенда е родена. Да се објави така големо дело за нас требаше време да созрее и да сфатиме што сме направиле. Се надеваме искрено дека ќе им се допадне на сите слушатели и гледачи, а веруваме дека и Есма би била среќна со тоа…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот