Казнети тетовски обложувалници, не барале потврди за вакцинација

Тетовската полиција информира дека во контрола во обложувалници, заедно со државни пазарни инспектори, откриени се луѓе кои немале сертификат за вакцинација.

-Полициски службеници на СВР Тетово, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, денеска 25 декември од 13 часот спровеле акциска контрола во две спортски обложувалници во тетовските села Милетино и Радиовце, во кои вкупно биле легитимирани осум лица. Две од легитимираните лица од Милетино и од Радиовце, на возраст од 31 година, не поседувале сертификат за примена вакцина, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, против двете лица и објектите-правни лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот