Кавани сепак не е помеѓу желбите на Барселона!?

Единсон Кавани поради доаѓањето на Кристијано Роналдо има помала минутажа на „Олд Трафорд“/ фото: EPA-EFE/Clive Brunskill

Иако се пишуваше дека Барселона сака да го доведе Единсон Кавани од Манчестер јунајтед, веќе во јануари, новинарот Фабрицио Романо објави дека англискиот клуб всушност не добил никаква понуда за Уругваецот, ниту од шпанскиот клуб, ниту од бразилскиот Коринтијанс, со кого исто така го поврзуваат.

– Манчестер Јунајтед сè уште нема добиено никаков пристап од Барселона за Единсон Кавани. Во Барселона и понатаму го сметаат Феран Торес за важен член на тимот и немаат намера да го променат тоа. Истото важи и за гласините за Коринтијанс. Нема никакви понуди за Кавани во јануари – напиша Романо на својот Твитер профил.

Кавани, кој во февруари полни 35 години, до крајот од сезоната има договор со Јунајтед и речиси е сигурно дека нема да му биде понуден нов.

Сезонава Уругваецот одигра пет натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.

Во својата кариера Кавани настапуваше уште за екипите на Данубио, Палермо, Наполи и ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот