Црвени велигденски јајца во Ксанти, Грција/Фото: Yiannis Kourtoglou / Alamy / Profimedia

Католиците и протестантите денеска го слават Велигден – претседателката Сиљановска Давкова упати честитка

Католиците, протестантите, англиканците и многу помали христијански заедници денеска го одбележуваат Велигден – празникот на Христовото воскресение, кој ја носи пораката за триумфот на животот над смртта.

Велигден се смета за најзначајниот христијански празник, бидејќи токму воскресението на Исус Христос е во сржта на христијанската вера и претставува симбол на надежта, верата и победата над смртта.

За верниците, празникот доаѓа по завршувањето на Великиот пост, а велигденските јајца се првото мрсно јадење на празничната трпеза. Според традицијата, тие најчесто се бојат во црвена боја, како симбол на Христовата жртва и неговата пролеана крв.

Во христијанското предание се раскажува дека Марија Магдалена му подарила јајца на царот Тибериј, носејќи ја веста за Христовото воскресение.

Јајцето со векови се смета за знак на нов живот, обнова и будење на природата, а црвеното велигденско јајце има посебно место во празничната традиција, носејќи радост и за оној што го подарува и за оној што го добива.

Според обичајот, јајцата се бојат на Велики петок, ден што верниците го минуваат во тишина, молитва и размислување за Христовото страдање, распнување и понижување на Голгота во Ерусалим.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Велигден упати честитка до скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед, посакувајќи им празничните денови да ги поминат во здравје, радост, љубов и среќа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот