Катерина Шехтанска: И во изолација физички сме активни

„Во време на самоизолација имаме време за самите себе, па и за другите околу себе, она што ни недостасувало очигледно. Време кога може со домашните да правиме работи заедно, за кои поради трката со обврските не сме имале доволно време“, раскажува актерката Катерина Шехтанска за Слободен печат.

-Карантинов поштено ќе не мрдне, ама и воедно ќе не натера да се подзамислиме кои сме, што сме и до каде сме најпрво со себе, а потоа и со другите околу себе.

Кај мене и работата е таква што понекогаш седам по дома и обврските што ги имав ми беа поврзани со децата, но со изолација и сите на куп, не се за издржување. Дефинитивно со поголеми деца е и полесно, но и потешко затоа што си имаат свои бубачки во глава и понекогаш и ние им сметаме – вели таа.

Според неа најбитно е што се свртевме на здрава домашна храна, се готви повеќе од вообичаено, сега дури и по петпати во денот и сè се врти околу јадењето.

– Јас станав експерт за тестенини на 101 начин, но најбаран ми е бешамел сос со печурки или пилешко со кари (подолу следи и рецепт).

Но, тоа што се дома не значи дека се пасивни:

-Поради новонастанатата состојба принудени сме по дома и да се вежба поради тоа што и двете деца ми се физички активни. Филип во јуни ќе полни 15 години и е кошаркар од својата шеста година и затоа не смее да прави голема пауза. Добива вежби од кондициониот тренер Златко Јанакиевски, инструкции преку телефон за целосен тренинг. Помалата, Клеоника, иде на балет, па таа обврска ми е доделена мене за работа по дома со нејзе, па користам и јас.

Тука секако е и онлајн училницата:

-Покрај обврските што ги имаат преку наставната платформа на Google classroom наоѓаат време на претек и за игри на компјутер и телефон… Големиот со Fortnite, а Клеа исто и плус си игра Roblox.

Твоја препорака за филм…

-За филмови овој период има богата понуда на кабловските оператори, но сепак јас си гледам серии на Foxlife, но сега гледаме да погодиме нешто што ќе им биде интересно на сите како фимови на HBO и нешто што не ни е изгледано од цедеа што сме ги земале на времето.

Книга која би ја препорачала?

-Освен што ги напињам да се читаат задолжителните лектири, знам да им подметнам и слободна литература на децата, а јас повторно се враќам на книгата „Следете го срцето“ од Ендрју Метјуз. Може и лесна белетристика од Гијам Мисо иако јас повеќе сакам криминалистички жанр. Но, знам да се изрелаксирам со некоја љубовна приказна.

Рецепт за сос за тестенини:

На путер и малку маслиново се ставаат печурките да се испржат.

Се додава малку лукче.

Преливам со бело вино и неутрална хопла.

Истиот принцип е и со сецкани пилешки гради на коцки, може и во нив печурки по желба.

Откако ќе се свари тестенината, во сосот се додава свеж магдонос и пармезан по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот