Катар ервејс ги откажа летовите од Доха до Скопје и Сараево

„Катар ервејс” нема да ги продолжи летовите од Доха до Сараево и Скопје.

Линиите што ги поврзуваат Доха и Сараево, како и Доха и Скопје, нема да продолжат во зимската сезона откако беа откажани во март, пренесува СееБиз.

Според планот, „Катар ервејс” требаше да ги продолжи летовите од Доха кон Сараево и Скопје на 25 октомври, но тоа нема да се случи, до почетокот на летната сезона во 2021 година, односно до 28 март.

Наместо тоа, катарската компанија за зимската сезона нуди конекција со Сараево и Скопје преку Загреб, Виена и Истанбул во соработка со „Кроација ерлајнс”, „Аустриан ерлајнс” и „Пегасус ерлајнс”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот