Касиљас: Не сакам Мурињо да се врати во Реал Мадрид
Легендарниот голман на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Икер Касиљас, јавно порача дека не сака повторно да го види Жозе Мурињо на клупата на „кралскиот клуб“, иако нагласи дека нема никаков личен конфликт со португалскиот стратег.
Препорачано
Мурињо во последниот период се споменува како еден од главните кандидати да го преземе Реал од следната сезона и да ја смири атмосферата во соблекувалната, каде што, според шпанските медиуми, владее голема тензија меѓу ѕвездите на тимот.
„Немам проблем со Мурињо. Ми делува како голем професионалец. Но, не го сакам во Реал Мадрид“, изјави Касиљас.
Поранешниот капитен на Реал додаде дека според него постојат тренери кои се подобро подготвени да го водат клубот.
„Мислам дека има тренери кои се поспремни да го водат клубот на мојот живот. Тоа е само мое лично мислење“, порача Касиљас.
Односот меѓу Мурињо и Касиљас беше една од главните теми за време на првиот мандат на Португалецот во Мадрид, особено во последната сезона кога дојде до сериозно заладување меѓу тренерот и тогашниот симбол на Реал.
ВИДЕО | Погледнете ја реакцијата на Луис Енрике кога му го кажаа резултатот од „Ел Класико“
ВИДЕО | Погледнете ја реакцијата на Луис Енрике кога му го кажаа резултатот од „Ел Класико“


