Касилјас и официјално ќе се кандидира за претседател на Шпанската федерација

twitter/SMFutball

Легендарниот голман на Реал Мадрид и на Порто е одлучен во намерата да стане нов претседател на фудбалската федерација на Шпанија.

Долгогодишниот голман на Реал Мадрид и на Порто, од 1 мај минатата година не е меѓу стативите бидејќи на еден од тренинзите доживеа срцев удар. Иако сè уште официјално не е во пензија, Касилјас нема намера да се откаже од фудбалот .

Тој и официјално ја објави дека ќе се кандидира за претседател на фудбалската федерација на Шпанија и ќе се обиде да го победи досегашниот челник на РФЕФ, Луис Рубиалес.

– Да, ќе се кандидирам за претседател на РФЕФ кога ќе бидат распишани изборите. Сите заедно нашата федерација ќе ја кренеме на рамништето на најдобриот фудбал на светот: шпанскиот – порача Касилјас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот