Карла дел Понте: Ердоган треба да се гони за воени злосторства во Сирија

Фото: EPA/MARTIAL TREZZINI

Турскиот претседател треба да биде истражен поради воени злосторства и воената офанзива во Сирија, рече поранешната обвинителка Карла дел Понте во интервју за швајцарски медиум.

Дел Понте, која е поранешна членка на истражната комисија на Обединетите нации (ОН) за Сирија, истакна за „Швајц ам Вохененде“ дека интервенцијата на Турција го прекришила меѓународното право и дека повторно го „оживеала“ сирискиот конфликт.

– Неверојатно е тоа што Ердоган може да влезе на сириска територија за да ги уништува Курдите – рече поранешната главна обвинителка во Меѓународниот трибунал во Хаг која ги процесуираше воените злосторства направени во Руанда и во поранешна Југославија.

Таа додаде дека против него треба да се започне истрага и тој да биде обвинет за воени злосторства.

– Не треба да му биде дозволено да се извлече – рече Дел Понте, а пренесе „Ројтерс“.

Анкара минатата недела ја прекина својата воена офанзива во Сирија со посредување на САД.

Ердоган разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, по што сириските граничари и руската воена полиција започнаа со расчистување на курдската милиција во реон од 30 километри од сириско-турската граница.

Дел Понте исто така истакна дека европските нации не сакаат да се соочат со Турција порадни нивните акции, особено по заканите на Ердоган дека ќе ги „отвори вратите“ за бегалците кон Европа.

– Ердоган ги има бегалците како преговарачки потенцијал – додава таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот