Кариерата на Халеп нема да заврши: Романската тенисерка доби намалување на суспензијата

Фото: EPA-EFE/EDUARDO LIMA

Романската тенисерка Симона Халеп успеа да ја добие битката и доби намалување на четиригодишната суспензија поради користење на допинг.

Судот за спортска арбитража и ја намали казната и ја суспендираше со само девет месеци. Одлуката за суспензија стапува на сила од денеска што значи дека Халеп ќе се врати на терените веднаш штом ја одлежи казната.

Халеп беше суспендирана поради допинг и тоа беше голем шок во светот на тенисот бидејќи своевремено беше и прва на ВТА ранг листата. Поради претходната суспензија од четири години Халеп отворено зборуваше за стравувањата дека суспензијата за неа може да значи и крај на кариерата.

Исто така во кариерата успеа да освои и две грен-слем титули. Интересно е што во една прилика зборуваше и дека има македонско потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот