Кардашијанката ПРЕТЕПЕЛА стриптизета!

Шокантно откритие – „Скокнала на неа во хотелската соба и започнала да ја тепа“!

Посрамотениот кошаркар Ламар Одом издаде автобиографија, во која поранешната сопруга Клои Кардашијан ја обвинил за насилство над – стриптизета.

Инцидентот наводно се одиграл во 2012 година, додека тие двајца сеуште биле во брак. Одом тогаш бил во хотел, каде повикал неколку стриптизети, а Клои буквално таму го „начекала“.

„Добила клуч од персоналот на хотелот и нејзината мајка била со неа. Влетала во собата и и се нафрлила на првата девојка која ја видела. Започнала да ја тепа, односно навистина ја претепала“, сликовито опишува Одом, во книгата „Darkness to light”.

Мајката Крис, како и обезбедувањето, се обиделе да ја одвлечат разбеснетата Кардашијанка, додека останатите стриптизети се разбегале, наведува тој.

Кошаркарот и ријалити ѕвездата се венчаа во 2009 година, а поради неговите неверства и дрогирањето се разведоа во 2013 година. Клои во 2015 година покрена бракоразводна парница, која ја стопираше откако Ламар за малку ќе починеше по „бурниот“ викенд во Невада. Организмот на кошаркарот попуштил по толкавите количини на алкохол и дрога, а тој тогаш со месеци беше во болница, по што од почеток мораше да учи да оди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот