Каратистите со две финалиња и бронза на Европските универзитетски игри

Селекторот на Универзитетската карате репрезентација, Бошко Заборски е многу задоволен од настапот на нашите каратисти кои после првиот ден успеаја да обезбедат две финалиња и еден бронзен медал.

Во главниот град на Хрватска има 1300 учесници од 400 универзитети и 36 европски земји.

Македонската каратистка Сара Радичевска во категоријата -50 кг успеа да влезе во финалето, таа имаше три победи и во ниту еден момент не дозволи да има некое изненадување. Во елиминацискиот дел ги совлада Кирмен Зеа (Романија) со 2:0, Андријана Чрнкова (Чешка) 7:0 и Соломија Кмит (Украина), 0:0, а на изјаснување 5:0.

В сабота за златниот медал таа ќе се бори против Јелена Пехар од Хрватска. Радичевска е актуелна европска шампионка од последното Европско универзитетско првенство во Куимбра, Португалија. Ова ќе биде второ нејзино финале на ЕП.

Машкиот тим во борби екипно, во состав Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Ацковски Роберто и Горан Николовски, успеа да направи големо изненадување. Во првото коло извојува победа против романската екипа со 3:0, потоа беа подобри од Турција која ја победија со 2:1, и во полуфиналето ја совладаа силната екипа на Словачка исто со резултат 2:1. Во финалето нашите каратисти ќе се сретнат со екипата на Украина.

На серијата успеси секако многу значаен е и медалот во екипни борби во женска конкуренција. Екипата во состав Симона Заборска, Анѓела Мојсовска, Моника Пендаровска и Сара Радичевска, исто така со три последователни победи успеа да го освои бронзениот медал.Во полуфиналето нашиот женски тим, иако беше подобар, со пристрасност на судиите беше оштетен и поради тоа не влезе во финалето.

Во репасажната борба за трето место ја совладаа екипата на Италија со 2:0, Во елиминацискиот дел, нашите каратистки беа подобри од Романија 2:0, и екипата на Босна и Херцеговина која ја совладаа со резултат 2:1. Капитенот на женската екипа Симона Заборска, покажа голема борбеност и решителност да се освои овој медал, таа посебно се истакна на овие натпревари и сите одлучувачки борби ги реши во своја корист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот