Каракачанов: Младинците во Ваташа се убиени затоа што биле комунисти, а не затоа што биле Македонци

Историски факт е дека бугарската власт и царот биле сојузници на Германија и на Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти, рече бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во денешното онлајн вклучување на радио Канал 77, каде беше гостин и македонскиот премиер Зоран Заев. 

Тој зборуваше и за  масакрот во Ваташа, кој според него не се случил бидејќи населението било македонско, туку поради војувањето на државата и комунистите. Рече дека таков случај имало и во централна Бугарија каде бугарската полиција убила 12-13 деца.

– Бугарската власт и бугарскиот цар биле сојузници на Германија и на Хитлер. Тоа е историски факт. Сојузници беа и властите на Италија и на хрватската држава, па не ги нарекувате фашисти. Јас сум одел во Ваташа три пати. Првиот пат во 1994 година. Сум прочитал повеќе документи за Ваташа од вашите колеги. Случки како Ваташа има и во Јастребино во централна Бугарија каде бугарската полиција убива 12-13 деца и ги убива не затоа што се Македонци, туку тоа е граѓанска војна. Државата против комунистите, не против Македонците. Тоа е затоа што комунистите војуваат со државата, и државата против комунистите, а не против етнички Македонци или други. Ваташа е трагичен случај од нашата заедничка историја – смета Каракачанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот