Караџовски предлага позитивните лица на ковид-19 да се попишат по изолацијата

Фото: МИА

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека Комисијата направила протокол за пописот, но сепак одлуката дали ќе има попис е чисто политичка и не е одлука на комисијата.

Караџовски нашол решение за тоа како ќе се попишуваат позитивните на Ковид-19
Што се однесува до тоа како ќе бидат попишани позитивните лица, вели дека протоколот предвидува тие да бидат попишани откако ќе им заврши изолацијата.

-Дали ќе има попис? Од Министерство за здравство беше побарано да направи протокол пред 2ипол месеци. Комисијата го направи протоколот, го презентиравме и беше усвоен. Го доставивме до Влада, Владата го усвои. Постои Закон за попис, па кој е Жарко или Гоце да крши закон. Од Караџовски се побара протокол, ние го направивиме и го доставивме до Завод за статистика. Дистанца, маска и негрупирање. Тоа се мерките. Ниту Караџовски, ниту Комисијата не може да одлучува за попис. Има Влада. Ако јас одлуувам за се, ќе се викам заменик премиер. Протоколот предвидува дека ако попишувачот добие информација дека некое лице е позитивно, лицето ќе биде попишано кога ќе му заврши изолацијата, објасни Караџовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот