Караџовски: Епидемиолошки состојбата е несигурна, лесно може да дојде до колапс на здравствениот персонал

Фото: МИА

Во овој момент се наоѓаме во криза од лекари, здравствените работници се преморени и  може многу лесно да се случи колапс на здравствениот персоналот, посочи Д-р Жарко Караџовски.

– Се случува еден бум од позитивни случаи. Во краток период од две недели се наполнија болниците. Но ситуацијата не е катастрофална, зашто имаме  засега здравстени капацитети. Во моментот има криза на лекари, но на  секој пациент му се пружа нега. Здравствените работници се преморени и може да се случи колапс на здравствениот персонал . Епидемиолоски состојбата е несигурна, посочи тој.

Да ги растеретиме здравствените  работници и да им дадеме капка одмор, да овозможиме здравствените  власти да обезбедат нови капацитети. Оние капацитети кои се реновираат со кислородна поддршка да бидат завршени. Да обезбедиме поголем број вакцини . Ве молам да спречиме собирања и да помогнеме на персоналот да биде здрав и да се оддржи во живот, дополни Караџовски 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот