фото: ФК Вардар

Капитенот на Вардар Мицевски се врати по четири месечна пауза

Како што пренесуваат од фудбалскиот клуб Вардар, капитенот на екипата се врати по четири месечна пауза.

Дарко Мицевски беше надвор од терените поради повреда, а својот камбек го имаше во петокот во подготвителниот натпревар на „црвено-црните“ против Тетекс.

– Му посакуваме здравје и успешна сезона предводејќи го тимот во новите предизвици – стои во објавата на ФК Вардар.

Во споменатиот контролен меч играчите на тренерот Бобан Грнчаров со 3:0 триумфираа над Тетекс со головите на Николовски, Здравковски и Жоглев.

Денеска клубот уште еднаш ги повика навивачите на клубот да купат членска карта, на сите продажни места на „МК Тикетс“. Повеќе на следниот линк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот